Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мало село од неколку куќи стана новиот центар на Европа-Зошто сите трчаат таму?

(ВИДЕО) Мало село од неколку куќи стана новиот центар на Европа-Зошто сите трчаат таму?

Знамето на Европската унија кое се виори на малото германско село Гедхајм во Баварија претставува една назнака која го објаснува интересот на медиумите од цел свет за таа зафрлена локација.

Имено во 2019 на крајот на преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ, 89 жители на Гедхајм ќе се најдат во самиот географски центар на ЕУ, по Националниот географски институт во Париз.


Повеќето жители веста ја дознале на радио.

 Жителите се горди поради занимањето кое ги привлекло нивниот сликовит регион. И веќе поставиле плаво знаме со ѕвезди на селскиот плоштад. Дури и покренале група на WhatsApp шегувајќи се на сметка на својот углед и известувајќи ги заинтересираните за местото.

Средиштето на гравитацијата на Европската унија се наоѓа во Германија од 2004 година кога во ЕУ влегоа десет нови членки од истокот на континентот. Пред тоа географскиот центар беше во Белгија.


Но, од 2004 неколку пати се менуваше на германско тло, последен пат во 2013 кога во Унијата влезе Хрватска - тогаш географскиот центар на ЕУ стана баварското село Вестернгрунд кое се наоѓа 60 км северозападно од Гедхајм .

Тој статус Вестернгрунд ќе го изгуби со излезот на Велика Британија.

Слично

Поврзани вести