Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МАЛО ДЕВОЈЧЕ СО ГУМА ОДВЕАНО ДО СРЕД МОРЕ - го спасува локален ферибот

(ВИДЕО) МАЛО ДЕВОЈЧЕ СО ГУМА ОДВЕАНО ДО СРЕД МОРЕ - го спасува локален ферибот

Мало девојче со гума- еднорог било однесено од морските струи, по што, како што јавуваат грчките медиуми, е спасено од локален ферибот.

Инцидентот се случил вчера во морското подрачје крај градот Антирио во Коринтскиот Залив.

Девојчето помеѓу 4 и 5 години, наводно, избегало од „вниманието на родителите“ и било однесено од брегот со силните струи .

Кога родителите сфатиле дека нивната мала ќеркичка не се гледа во морето, ги известиле пристанишните власти , кои го алармирале капетанот на локалниот траект „Саламиномахос“.

Капетанот на траектот на линијата Рио-Антирио го нашол детето среде морето и полека се приближувал со траектот.

На видеото се гледа како членовите на екипажот го спасуваат девојчето , кое било во својата гума.

Девојчето, кое за време на целиот овој случај реагира смирено, на родителите им било предадено неповредено.

Според локалните медиуми, истиот ферибот неодамна извадил од морето еден постар човек, кој исто така се оддалечил поради струите во областа, додека уживал да плови на душек на надувување.

Погледнете го видеото како го спасуваат девојчето.

Слично

Поврзани вести