Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мало девојче падна од трети кат, но преживеа благодарение на снегот

(ВИДЕО) Мало девојче падна од трети кат, но преживеа благодарение на снегот

Во рускиот град Томск во саботата 6-годишно девојче паднало од третиот кат на станбена зграда, но поради снегот на тревникот преживеало и не се здобило со потешки повреди.

Несреќата ја снимиле надзорните камери од зградата во близина и видеото станало вирално на социјалните мрежи, затоа што на никого не му се верувало дека девојчето станало и заминало. 

Сепак, девојчето, чиј идентитет не е објавен бидејќи е малолетно, ја минало ноќта на прегледи во болница. Подоцна е објавено дека нема скршеници, но дека се забележани полесен потрес на мозок и полесни телесни повреди.

Според наводите на болницата, девојчето ја минало ноќта на интензивна нега, а следниот ден е префрлено на редовно одделение.

На снимката се гледа како девојчето паѓа од својот балкон и силно удира со снегот.

Лежело некое време на тоа место, по што станало, ја прескокнало малата ограда и истрчало кон својата зграда.

На крајот е откриено дека мајката го оставила девојчето само во станот. 


Слично

Поврзани вести