(ВИДЕО) Макрон сакаше да ја бакне раката на Емине Ердоган, еве како таа реагираше
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во непријатна ситуација на официјалниот прием во Анкара, откако турските медиуми објавија снимка од неговото поздравување со сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Емине Ердоган.
Според турскиот портал „Хаберлер“, Макрон, при пристигнувањето во Претседателскиот комплекс, се наведнал кон Емине Ердоган, по што таа ја повлекла раката. Турските медиуми тврдат дека францускиот претседател сакал да ѝ ја бакне раката, но гестот не бил прифатен.
Макрон во Анкара пристигна за учество на 36. самит на НАТО. Тој присуствуваше и на гала-вечерата организирана за шефовите на држави и влади, како и за нивните сопружници.
foto printskrin
Слично
