Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Макрон пееше француска шансона во Ереван

(ВИДЕО) Макрон пееше француска шансона во Ереван

Францускиот претседател Емануел Макрон, ја изведе песната „La Bohème“ од Шарл Азнавур за време на државната вечера во Ереван.

Макрон го зеде микрофонот и ја отпеа познатата шансона, која ги симболизира блиските врски меѓу Франција и Ерменија, пренесува телевизијата BFM. 

Во изведбата учествуваа и ерменскиот претседател Вахагн Хачатуријан, кој свиреше пијано, додека премиерот Никол Пашинјан симболично се приклучи свирејќи на тапани во импровизираниот настап. 

Макрон и претходно јавно ја изведувал „La Bohème“, во Елисејската палата во 2023 година за време на вечера со познати личности од светот на модата и музиката.

Францускиот претседател престојува во Ерменија во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, а неговата посета вклучува и државен дел од програмата во земјата која има изразени франкофонски врски.

За време на посетата, Макрон го истакна „посебниот однос“ меѓу Франција и Ерменија, потсетувајќи на историските врски, вклучувајќи го прифаќањето на ерменските бегалци во Марсеј и помошта по земјотресот во 1988 година.

Тој, исто така, ја нагласи долгогодишната поддршка на Франција за Ерменија во конфликтите со Азербејџан по распадот на СССР.

Макрон и Пашинјан треба да потпишат стратешко партнерство кое ќе ја зајакне одбранбената и економската соработка меѓу двете земји. 

foto printskrin


Слично

Поврзани вести