Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Макрон ги тешеше француските фудбалери откако претрпеа пораз од Аргентина

(ВИДЕО) Макрон ги тешеше француските фудбалери откако претрпеа пораз од Аргентина

Францускиот претседател Емануел Макрон по победата на Аргентина против Франција на Светското првенство во Катар,  отиде во соблекувалната на националниот тим за да ги утеши.

„Сега слушајте ме внимателно. Ги воодушевивте милијардите луѓе кои го гледаа овој натпревар. Одигравте одлична игра. Ова е лекција од која можете многу да научите. После ваков натпревар, дефинитивно ќе има грижа на совест. Ве молам да не ви биде жал, вие навистина сте одличен тим“, рече Макрон. 

Макрон доби аплауз од играчите. Првиот човек на Франција подоцна ги пофали играчите во интервју за ТВ РМЦ. Тој беше еуфоричен кога францускиот тим постигнуваше голови. Сепак Аргентина стана светски првак. 


Слично

Поврзани вести