(ВИДЕО) Мајкл Мур: Трамп е веројатно последниот лидер на најмоќната земја во светот
Американскиот режисер Мајкл Мур го објави трејлерот од последниот документарен филм со наслов „Farenhajt 11/9“, во кој ја изнесува тезата дека американскиот претседател Доналд Трамп, сака да биде доживотен претседател на САД, односно дека е голема веројатноста тој да биде последниот лидер на најмоќната земја во светот.
Фимот е продолжение на документарецот од 2004 година „Farenhajt 9/11“, кој се бави со настаните од 11 септември 2001 година и борбата со тероризмот. Во најновиот филм, Мур ги има ставено бројките обратно, за да го претстави датумот на претседателските избори – 9, 11, 2016, кои ги смета за катастрофа, слична на терористичките напади од 2001 година.
Премиерата на документарниот филм ќе биде на 21 септември.
