Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Мајка на годината“ го ошамари својот син кој протестираше во Балтимор

(ВИДЕО) „Мајка на годината“ го ошамари својот син кој протестираше во Балтимор

Видео запис на тоа како лутата мајка со шлаканици го повлекува својот син, кој учествуваше во уличните немири во Балтимор, стана хит на интернет и американските медиуми. Началникот на локалната полиција ја пофали, а социјалните мрежи ја нарекоа „мајка на годината“.

Видеото е снимено од страна на балтиморскиот телевизиски канал „WMAR“. На него се гледа како жената го брка својот син од местото на судирите и му нареди да ја „соблече оваа е.... маска“ од лицето.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VRlmCf1Kj2o[/embed]

Телевизискиот канал „CBS News“ соопшти дека тоа е Оној Греам и нејзиниот 16-годишен син Мајкл.

Во разговор со телевизијата Греам вели дека почнала да го влече од толпата, „бидејќи не сакам вечерта да ми го донесат како Фреди Греј“ - 25-годишниот црн маж, поради чија смрт во полициска станица избувнаа немирите.

Од „WMAR“ раскажуваат дека мајката видела на телевизија репортажа, на која го познала син и меѓу младите, кои ја гаѓаале полицијата со камења и шишиња и тргнала да го запре.

„Би сакал повеќе родители како неа да се грижиме за децата вечерва“, изјавил полицискиот шеф Ентони Батс. Градот е полн со тешко вооружена полиција и делови на Националната гарда, кои воведоа полициски час по 22 часа немири.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/10LCwxmWvKg[/embed]
Слично

Поврзани вести