Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мајка и бебе преживеале 5 дена во џунгла во Колумбија по авионска несреќа

(ВИДЕО) Мајка и бебе преживеале 5 дена во џунгла во Колумбија по авионска несреќа

Една мајка и нејзиното новородено дете преживеале чудо по авионска несреќа во северозападна Колумбија.

18-годишната Нели Мурило и нејзиниот син Јдиер Морено исчезнати во густа џунгла, каде се урнал малиот авион „Чесна 303“. Преживеаните биле откриени неколку дена по инцидентот.

Мајката имала полесни повреди и изгореници, а детето е апсолутно неповредено, соопштил претставник на колумбиските воено-воздушни сили. Тој додал дека е вчудоневиден дека мајката и детето останале живи во  толку тешки и опасни услови.

Пилотот на авионот Карлос Себелос е пронајден мртов во авионот. Спасувачите сепак забележуваат дека вратата на авионот е подотворена и така помислиле дека може да има и преживеани.

Тим од 14 лица кружеле низ густата шума неколку денови пред да ја пронајдат жената и бебето

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BJ4uQ9Mi2zo[/embed]

.

Слично

Поврзани вести