Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мадуро нареди апсење на новинарска екипа

(ВИДЕО) Мадуро нареди апсење на новинарска екипа

Новинари на американска телевизиска станица накратко се приведени во претседателската палата во Каракас, откако претходно го интервјуирале венецуеланскиот претседател, Николас Мадуро.

Инцидентот избил откако новинарот на “Univision”, Хорхе Рамос му покажал на Мадуро снимка на која што можело да се види како граѓаните на Венецуела јадат од камион кој што носи ѓубре на депонија.

Поради тоа, опремата на новинарите е конфискувана, а по апсењето, властите од Каракас накратко откриле дека целата новинарска екипа ќе биде депортирана во САД.

Рамос во претседателската палата е задржан повеќе од два и пол часа, откако Мадуро му рекол дека не му се допаѓаат прашањата кои што му ги поставувале. Рамос вели дека на Мадуро не му се допаднале прашањата за „недостатокот на демократијата во Венецуела, тортурата, политичките затвореници и хуманитарната криза“.

Министерот за информации, Хорхе Родригез изјави дека владата во Каракас примила стотина новинари, но и дека не поддржува „евтино шоу“.


Слично

Поврзани вести