Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Лукашенко цепи дрва и се шегува на сметка на Европа

(ВИДЕО) Лукашенко цепи дрва и се шегува на сметка на Европа

По повод претстојната зима, белорускиот претседател Александар Лукашенко се пошегувал со Европа. 

Според него, Европа сега не бира – дали е тоа новогодишни елки или некое друго огревно дрво, „главно е да биде топло“.

„Нема да дозволиме Европа да замрзне. Ќе им помогнеме на нашите браќа, можеби ќе ни помогнат еден ден“, рекол Лукашенко додека сечел дрва.

Спомна и имиња на политичари. 

„Главната работа е дека Дуда и Моравјецки (претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки) не смрзнуваат во Полска. Тоа се нашите соседи, можеби ќе се вразумат“, рече претседателот на Белорусија.

Белорусија е поддржувач на Русија од првиот ден откако почна инвазијата на Украина. Полска пак дава поддршка на Украина и прими најголем број бегалци. 

фото Твитер


Слично

Поврзани вести