Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Луѓето во Судан ги напуштаат домовите поради воените судири

(ВИДЕО) Луѓето во Судан ги напуштаат домовите поради воените судири

Во градот Картум во Судан продолжуваат борбите меѓу суданската армија и специјалните сили. Луѓето во паника ги напуштаат домовите. 

Суданските специјални сили  ја контролираат воената база во градот Мров, пренесува „Хадат“.  Во меѓувреме, жителите на градот ги напуштаат домовите поради страв од интензивирање на борбите. Суданската армија изврши воздушни напади и врз позициите на специјалните сили во градот Омдурман. Како што јави „Скај Њуз Арабија“, силите за брза реакција го собориле армискиот авион. Од друга страна, „Ал Арабија“ пренесува дека армијата објавила дека ќе бидат потребни неколку дена за целосно да ги поразат силите за брза реакција. Во Судан вчера избувнаа судири. Веќе има шеесетина жртви. 




Слично

Поврзани вести