Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО СЕ ЗАРОБЕНИ МЕЃУ ВОЈНАТА И СИРОМАШТИЈАТА: Газа станува гробница

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО СЕ ЗАРОБЕНИ МЕЃУ ВОЈНАТА И СИРОМАШТИЈАТА: Газа станува гробница

Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата.

Филип Лазарини, кој ја предводи агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), напиша за Гардијан дека Газа станува гробница.

„Речиси 600.000 луѓе се засолниле во 150 училишта и други згради на УНРВА. Тие живеат во нехигиенски услови со ограничени количини чиста вода, со малку храна и лекови. Мајките не можат да ги мијат децата. Бремените жени се молат породувањето да не заврши со компликации бидејќи тие болници не можат да прифатат“, пишува Лазарини.

Вели дека 40 згради на УНРВА, вклучувајќи училишта и магацини, се оштетени во нападите. Таму загинаа и многу цивили. 

Кина ќе испрати приближно 2,05 милиони долари хуманитарна помош за Појасот Газа.

На 7 октомври, палестинската милитантна група Хамас почна со напади на Израел. 


Слично

Поврзани вести