Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ИЗБЕГАА НА УЛИЦИТЕ: Силен земјотрес на Филипините

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ИЗБЕГАА НА УЛИЦИТЕ: Силен земјотрес на Филипините

Повторно имаше земјотрес на Филипините. Силен земјотрес ги погоди Филипините, a граѓаните на Манила истрчаа на улиците.

Жителите на Манила денеска ги напуштија домовите и работните места по земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот Лузон.

Сеизмолошката служба на Филипините на платформата Х објави дека не се очекуваат штети, но предупреди на последователни послаби земјотреси. Земјотресот со јачина од 5,9 степени е регистриран на длабочина од 79 километри.

На снимките кои ги објавија локалните медиуми на X, државните службеници излегуваат од зградата на парламентот, Министерството за правда и претседателската палата.

На 2 декември имаше земјотрес на Филипините. Тогаш се појави снимка на која се гледа како деца бегаат дури се урива спортска сала. Тоа беше потрес од 7.5 степени.

 

Слично

Поврзани вести