Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) ЛУЃЕ КРШАТ ПРОЗОРИ И СКОКААТ НИЗ НИВ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД ПОЖАРОТ, загрижени патници бараат излез од воз во Бостон кој се запалил

(Видео) ЛУЃЕ КРШАТ ПРОЗОРИ И СКОКААТ НИЗ НИВ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД ПОЖАРОТ, загрижени патници бараат излез од воз во Бостон кој се запалил

Видео од опожарениот воз во САД од кој луѓето се обидуваат да излезат со цел да се спасат од опасноста. 

„Њујорк тајмс“ објави видео на „Твитер“ од атмосферата во возот, кога луѓето трпеливо чекаат да излезат од него. 

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од воз кој се запали вчера во областа Бостон на мостот на реката Мистик, додека патниците во паника ги кршеа прозорците за да излезат.

Главниот вагон се запалил, а на снимката се гледа како патниците бегаат од возот. Едно лице дури скокнало од мостот. Наводно, во возот имало околу 200 луѓе.

Извршниот директор на МБТА, Стив Пофтак, им се извини на патниците за инцидентот. Пофтак рече дека тоа е застрашувачки настан.

Тој на прес-конференцијата рече дека несреќата ја предизвикало парче метал на обвивката кое се откачило и дошло во контакт со друга шина низ која течела струја.

За среќа, ниту еден од патниците не е повреден при евакуацијатаа.



Фото: Принскрин/ Твитер

Слично

Поврзани вести