Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ Луѓето гореа во своите кревети, болницата во Авганистан беше прецизно погодена”

(ВИДЕО) „ Луѓето гореа во своите кревети, болницата во Авганистан беше прецизно погодена”

Членовите на ,,Лекари без граници" кои го преживеаја американското бомбардирање на единствената болница во Кундуз не можат да го прифатат образложението дека тоа е колатерална штета.

Тие велат дека бомбардирањето на болницата траеле повеќе од еден час, иако лекарите за тоа ги известиле НАТО и Вашингтон.

„Главната болничка амбуланта е константо и многу прецизно погодувана'', стои во соопштението на Лекари без граници.

frame_ext

Медицинскиот техничар Лајош Золтан Јеч кој се наоѓаше внатре во болницата за време на нападите, вели дека глетката била застрашувачка.

„Во првиотмомент сите бевме во конфузија во огромните димови од прашина. Додека да сфатиме што се случува нови бомби паѓаа околу нас. Тогаш го видов мојот колега облеан во крф и навистина не знаев што да направам побргу. Не можам да ви опишам што се случуваше..Луѓето гореа во своите кревети." - раскажува Јеч.

1443885875546

Шефот на програмата на „Лекари без граници" во северен Авганистан Хеман Нагаратман, вели дека во болницата се слушало како кружат авиони над нив.

„Имаше кратка пауза и потоа повторно почнаа да паѓаат нови бомби. Тоа се случи неколкупати. Оние кои можеа да трчаат се сокрија во бункерите. Но, за жал имаше и луѓе кои не можеа да станат. Тие беспомошно загинаја во своите кревети ", вели Нагаратман.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=2yYHCPJOtLc[/embed]

Несреќата во болницата се случи вчера откако американски авиони по грешка ја бомбардирале установата.

Во нападот повеќе загинаа 16 лица, од кои 9 вработени и 7 пациенти, вклучувајќи и 3 деца.Повредени се 37 лица, а има и стотици исчезнати.

images (3)

Американскиот претседател Барак Обама ова го нарече „трагичен случај” и се извини на семејствата на загинатите.

Од друга страна пак, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун го осуди нападот на болницата во Авганистан и побара целосна истрага за бомбардирањето.

Слично

Поврзани вести