Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЉУБОМОРЕН: Претседателе Обама држете ги рацете подалеку од мојата девојка!

(ВИДЕО) ЉУБОМОРЕН: Претседателе Обама држете ги рацете подалеку од мојата девојка!
Еден љубоморен, но и духовит жител на Чикаго го изненади американскиот претседател Барак Обама со својот коментар на гласачко место. Имено, на гласањето во Чикаго, Обама застанал зад параванот до Аја Купер, а нејзиното момче Мајк Џоунс одлучи да се пошегува со претседателот, не претпоставувајќи дека тој ќе возврати на шегата. „Претседателе, не ја допирајте мојата девојка“, рекол Џоунс. „Знаеш, навистина немав таква намера“, му одговорил подготвено Обама. Девојката се обидела да се извини во името на нејзиното момче, но Обама продолжил да се шегува. „Ова е пример на „брат“ кој се обидува да ме посрамоти без причина“, нагласил американскиот претседател додека гласал. „Знаев дека ќе каже нешто паметно, ама не знаев што“, додала Аја. „Вие сега ќе си одите дома и ќе им раскажувате за ова на своите пријатели, не можам да поверувам. Како е неговото име?“, прашал Обама. А кога дознал дека момчето се вика Мајк, само кратко искоментирал: „Мајк е вистинска будала“. Сепак најголемото изненадување дошло кога Обама завршил со гласањето. Тој ја гушнал девојката и и рекол: „Бакни ме, нека има за што да зборува. Сега стварно може да биде љубоморен!“. Како изгледаше целиот настан погледнете во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=6tRxfj8l5o4
Слично

Поврзани вести