Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Лизгање на земјиште во Швајцарија - се трага по луѓе

(ВИДЕО) Лизгање на земјиште во Швајцарија - се трага по луѓе

Свлечиште има во југоисточниот дел на Швајцарија при што се трага по осум луѓе. 

Се работи за државјани на Германија, Австрија и Швајцарија кои се водат како исчезнати. 

Поради лизгањето за земјиштето се евакуирани неколку помали села.

Свлечиштето го погодило селото Бондо, во близина на границата со Италија. Евакуирани се околу 100 лица.

Во соопштението на каталонската полиција Граубинден се наведува дека лицата од вчера се водат за исчезнати.

Потрагата по исчезнатите се интензивирала во текот на ноќта, а во неа се вклучени и швајцарски воени хеликоптери.

Свлечиштето уништило 12 фарми во селото. Од планината се урнале 3 милиони метри кубни земја. 

Во неделата лавина од камења во траење од 20 секунди погоди шест планинари на патека во близина на швајцарското езеро Гелмерзе.


Слично

Поврзани вести