(ВИДЕО) ЛЕТАА ТУПАНИЦИ: Поддржувачи на Палестина и Израел се судрија во САД
Приврзаниците на Палестина и Израел се судрија во САД.
Поддржувачите на Израел и Палестина се собраа во градовите ширум САД откако Израел му објави војна на Хамас, откако милитантите во саботата го нападнаа Израел. На Тајмс Сквер се собраа големи групи палестински и израелски поддржувачи, при што дојде до вербална размена, дојде и до судир меѓу спротивставените демонстранти во близина на зградата на Обединетите нации во Њујорк.
Во меѓувреме, протест имаше пред израелските конзулати во Атланта и Чикаго и во Калифорнија, а во исто време се собраа и поддржувачи на Израел.
Протести на пропалестински и произраелски групи се одржаа и во главниот град Вашингтон, каде имаше физички пресметки меѓу две групи демонстранти.
Пентагон испраќа ударна група носачи на авиони во источниот Медитеран како знак на поддршка за Израел во неговата борба против палестинските милитанти. Армадата е предводена од носачот на авиони USS Gerald R.
