(ВИДЕО) Лажна тревога за напад предизвика стампедо во Париз
По терористичките напади во Париз луѓето се преплашени дека може да им се повтори катастрофата.
Вчеравечер, се создаде хаос и паника во Париз, откако неколку луѓе почнале да врескаат и бегаат за време на лажна тревога во близина на ресторанот Le Carillion.
Во негова близина многу луѓе положувале цвеќе или палеле свеќи на плоштадот во чест на жртвите од нападот од петокот.
На видеото се гледа како по пискотниците, цела толпа преплашено почнува да бега.
Полицијата веднаш интервенирала и ги засолнувала и смирувала луѓето.
Овај страв на француските улици доаѓа по терористичкиот масакр во петокот во Париз, во кој загинаа 129 луѓе.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=bRm0C7zMdJ8[/embed]
Слично
