Видео: Лавров со пица и вотка ги смири новинарите
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во знак на извинување на новинарите кои чекаа повеќе од 13 часа за изјава најпрво им даде пица, но тоа не беше доволно и потоа им подели и две шишиња руска вотка.
Лавров на средбата со американскиот колега Џон Кери го договараа пристапот за разрешување на сириската воена криза кој ќе опфаќа заедничка борба со терористичките групи како Ал Нусра, Ал Каеда и ИСИС, додека пак умерената опозиција која се бори со режимот на Асад ќе биде „поштедена“.
Токму тоа беше најголемиот проблем бидејќи Москва се уште го поддржува Асад, додека пак Вашинтон финансира повеќе вооружени групи кои треба да го срушат. Од понеделник и двете страни се надеваат дека ќе има прекин на огнот и распоредување на хуманитарна помош, но како ќе заврши конфликтот се уште никој нема јасна претстава.
Слично
