(ВИДЕО) Лавров пристигна во Алјаска со блуза со натпис „СССР“
Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, пристигна во Алјаска вчера, еден ден пред самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, а блузата што ја носеше го привлече вниманието на сите медиуми.
Имено, Лавров пристигна во хотелот во Алјаска облечен во бел блузон со натпис „СССР“ над кој носеше црн елек. Ова го објави Телеграм каналот Известија. Новинарите го снимаа министерот додека излегуваше од автомобилот.
На социјалните мрежи се појави видео од шефот на руската дипломатија како излегува од автомобил во црн елек со дуксер на кој се гледаат две големи букви SS, што беше протолкувано како СССР (Советски Сојуз) на кирилица, иако остатокот од натписот не е видлив.
Русија ќе има јасна и разбирлива позиција на претстојниот самит во Алјаска, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Никогаш ништо не планираме однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме“, рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за проценка на веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Интерфакс.
Football fan Lavrov in Alaska sports epic 'USSR' jersey
— RT (@RT_com) August 15, 2025
Gigachad trolling, or just getting comfortable? pic.twitter.com/kmaqjGljJ8
