(ВИДЕО) Латвија урна антифашистички обелиск од 79 метри во Рига
Властите во Латвија денеска со градежна механизација урнаа обелиск од 79 метри од советската ера во Рига, изграден во советската ера кој означуваше победа против фашизмот.
Одлуката била во согласност со законот донесен по руската инвазија на Украина и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава.
Споменикот е поставен помеѓу 1979 и 1985 година, а досега беше заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Латвија и Руската Федерација.
Споменикот беше свртилиште на руското малцинство, чии припадници се собираат на 9 мај за да го одбележат Денот на победата во 1945 година.
Сепак, повеќето Летонци го доживуваат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.
