Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Куршумот за среќа завршил во телефонот: Смартфонот му го спасил животот

(ВИДЕО) Куршумот за среќа завршил во телефонот: Смартфонот му го спасил животот

Еден од сведоците на терористичките напади кои се случија синоќа во Париз, дечко кој се преставил само како Силвестер тврди дека смартфонот му го спасил животот на стадионот „Stad D Frans“.

Како што тој раскажал за новинарите, во моментот на нападот тој зборувал на телефон, а во следниот момент одекнале експлозиите и се слушало пукање.

telefon

„Во еден момент настана општ хаос, насекаде се слушаше пукање, еден од куршумите заврши во мојот телефон“ раскажал Силвестер и додал дека до сега би бил мртов да не бил неговиот телефон.

„Мојата глава би била растурена на делчиња и јас сега не би зборувал тука со вас“ додал видно вознемирениот Силвестер кој во нападот е повреден во нога.

 
Слично

Поврзани вести