Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КУЌИ ВИСАТ НАД БЕЗДНА: Драматично е во италијански град каде по бурата се појави свлечиште

(ВИДЕО) КУЌИ ВИСАТ НАД БЕЗДНА: Драматично е во италијански град каде по бурата се појави свлечиште

Лизгање на земјиште по бурата има во Сицилија, а куќи висат над бездна. 

Градоначалникот на сицилијанскиот град Нишеми, Масимилијано Конти предупреди дека „ситуацијата е драматична“.

Досега околу 1.500 луѓе се евакуирани од своите домови. Пукнатината сè уште се шири, зголемувајќи стравувања дека би можела да го „проголта“ историскиот центар на градот.

Жителите надвор од зоните за ограничување треба да „останат во своите домови“. Засега никој не е повреден, но има штети. 

Нишеми има околу 25.000 жители. Многу евакуирани лица престојуваат кај роднини, додека неколку стотици луѓе ги поминаа последните две ноќи во локална спортска сала.

Во интервју за весникот „Ла Република“, објавено во вторник, Конти рече дека свлечиштето се поместило за дополнителни 10 метри утрово.

Салваторе Кочина, генерален директор на Цивилната заштита на Сицилија, во понеделник вечерта изјави дека „сите куќи во радиус од 50 до 70 метри ќе се урнат“.

Италијанската влада денеска прогласи вонредна состојба за јужните региони. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести