Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Куфери и остатоци во египетската пустина после падот на рускиот ербас А-321

(ВИДЕО) Куфери и остатоци во египетската пустина после падот на рускиот ербас А-321

Специјални тимови ја пребаруваат обемната област во Синајската пустина, каде во саботата падна руски патнички авион, и ги собираат личните предмети на загинатите 224 лица - сите туристи и екипажот на авинoт „Ербас А321“.

Во оддалечениот дел од Синајската пустина се собираат ретките остатоци од авионот, кој се распаднал високо во небото. Јагленисани остатоци и шарени куфери се собирани од руските инспектори, додека египетските воени хеликоптери кружат над нивните глави и се трудат да пронајдат уште остатоци и тела.

Поврзани со „Исламска држава“ борци од Египет ја презедоа одговорност за трагедијата, но официјалните лица во Каиро и Москва ги отфрлаат овие тврдења. Барањето на одговори за тешкиот инцидент допрва почнува.

[embed width="700" height="450" ]http://www.dnevnik.bg/getatt.php?filename=o_2640816.mp4[/embed]
Слично

Поврзани вести