(ВИДЕО) Курдите се судрија со полицијата во Париз, летаа камења
Настана хаос во француската престолнина. Немири има на местото на престрелката во Париз, а полицијата се судри со гневните Курди.
По пукањето во кое се убиени тројца Курди, на местото на злосторството почнаа да се собираат членови на курдската заедница, повикувајќи ги своите сонародници да излезат на улица и да протестираат. Тие мавале со камења, а полицијата употреби солзавец.
Вилијам М. (69) од непознати причини испукал најмалку осум куршуми во близина на Курдскиот културен центар, при што убил тројца, а ранил уште четворица припадници на курдската зедница
Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените.
Уапсениот напаѓач им е познат на француските власти бидејќи пред една година нападнал мигрантски камп, објави Ројтерс.
Видеото можете да го видите тука.
