(ВИДЕО) Кучиња трагаат по преживеани од хотелот на смртта во Италија
Спасувачите најдоа тела на 6 загинати кои настрадаа при уривање на хотел од снежна лавина во централна Италија, а по 23 лица уште се трага.
Како што пишува Ројтерс, потрагата трае.
Од под тоните снег се извадени живи 9 лица од кои 4 деца.
Градоначалникот Марко Аморијело рече дека операцијата продолжува, но временските услови се тешки.
Некои спасувачи велат дека е можно да се најдат уште преживеани во урнатините.
Полицијата соопшти дека едно лице нашла следејќи го сингалот на неговиот мобилен телефон.
Околу 120.000 тони снег покриваат делови од урнатиот снег.
Лавината се појави по неколку потреси во Италија.
Слично
