Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: 10 мртви во улично насилство, Мадуро прогласува победа, САД се заканува со санкции

(ВИДЕО) КРВОПРОЛЕВАЊЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: 10 мртви во улично насилство, Мадуро прогласува победа, САД се заканува со санкции

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денес прогласи победа на изборите за Уставното собрание.

„Имаме Уставно собрание-рекол Мадуро обраќајки им се на стотината следбеници во Каракас, откако изборната комисија соопштила дека излезеноста на граѓаните е 41,5 проценти“, пренесе АФП.

„Тоа е најголемата победа, која револуцијата ја оствари во својата 18-годишна историја“, рекол Мадуро. 

Американските власти цврсто ги осудија изборите за членовите на Уставното собрание во Венецуела и најавија „брзи и одлучни мерки“ против владата на социјалистичкиот претседател.


„САД ги осудуваат тие избори кои го загрозуваат правото на народот на самоопределување“, наведува американското Министерство за надворешни работи и додава дека САД ќе преземат  „брзи и одлучни мерки“ против Венецуела.

САД претходно се заканија со санкции.

Повеќе од осум милиони избирачи, или 41,53 отсто, гласаа во неделата за членовите на Уставното собрание на Венецуела каде е забележано насилство во кое загинаа десет лица.

Опозицијата која ги оспори изборите, смета дека Мадуро со планот да го измени Усатвот планира и да го заобиколи избраниот парламент каде опозицијата има мнозинство, како и да ги избегне претседателските избори во крајот на 2018 година.

Слично

Поврзани вести