Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Крваво утро во фабрика за слатки во Москва

(ВИДЕО) Крваво утро во фабрика за слатки во Москва

Најмалку едно лице загинало, а неколку се повредени во пукање во фабрика за слатки во Москва, кога поранешен сопственик на фабриката отворил оган. 

Пукањето почнало кога поранешниот сопственик Илја Аверјанов, после караница отворил оган и убил еден човек.


Според најновите информации, мажот кој загинал е работник од обезбедувањето.

„Во зграда број 20 во Иловајска улица двајца мажи се скараа поради работни проблеми. Еден повлече пиштол и пукаше во другиот, а овој останал мртов на место“, стои во соопштение на прес службата на полицијата во Москва.


Медиуми јавуваат дека пукањето се случило во фабрика за слатки „Менјшевик“ и дека директорот на таа фабрика пукал во соработниците.

Според неофицијални информации, меѓу повредените се извршители, кои наводно дошле да ги наплатат долговите на фабриката.


Полицијата ја обиколила областа и се обидува да преговара со напаѓачот, наведува Спутник, кој засега не изнел детали дека напаѓачот има некакви барања и се крие во фабриката.

Дел од медиумите во Русија исто така објавија дека напаѓачот земал заложници.

Слично

Поврзани вести