Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Крвав напад во црква во Тексас

(ВИДЕО) Крвав напад во црква во Тексас

При напад во црква  во близина на Сан Антонио во сојузната американска држава Тексас денеска најмалку 27 луѓе загинаа, а 15 се ранети. 

Локалните медиуми јавуваат дека вооружен маж влегол во објект на Првата баптистичка црква и пукал во присустните.  Локалната телевизија КСАТ јави дека и убиецот е мртов.

Но според Си ен ен  не се знае дали непознатиот маж извршил самоубиство или е убиен во полициската акција.

Портпаролката на канцеларијата на ФБИ во Сан Антонио, Мишел Ли изјави дека на самото место се повикани агенти на ФБИ.

Претходно на лице место пристигнала и локалната полиција. Инцидентот според очевидци се случил во Првата баптистичка црква. Сведокот кој е продавач на бензинската пумпа спроти црквата, изјавил дека слушнал околу 20 истрели за време на црковната миса.


Слично

Поврзани вести