Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВ КОНЦЕРТ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ ВО МАНЧЕСТЕР: Над 20 мртви-меѓу нив и деца

(ВИДЕО) КРВАВ КОНЦЕРТ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ ВО МАНЧЕСТЕР: Над 20 мртви-меѓу нив и деца

Најмалку 22 лица загинаа а 59 се повредени во експлозија која се случи пред крајот на концертот на американската музичка ѕвезда Аријана Гранде во Манчестер, а два американски претставници соопштија дека се сомневаат дека се работи за напад на бомбаш самоубиец.


До експлозијата дошло пред салата веднаш по завршување на концертот кога луѓето излегувале.


Шефот на полицијата на Манчестер Јан Хопкинс изјавил дека полицијата е уверена дека напаѓачот кој и сам загинал во нападот „носел импровизирана експлозивна направа“ како и дека истрагата ќе утврди дали тој бил дел од некоја терористичка мрежа.

Меѓу загинатите има и деца.

На видео снимките кои се појавија на Твитер се гледаат фанови во арената како бегаат и врескаат, а Ројтерс не сакаше веднаш да ги потврди наводите на социјалните мрежи.

Досега е познато дека силната експлозија одекнала синоќа околу 22.30 часот, само неколку минути откако американската ѕвезда ја напуштила бината во големата концертна арена во Манчестер.



Слично

Поврзани вести