Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО УКРАИНА: Русите убија најмалку 16 луѓе на пазар

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО УКРАИНА: Русите убија најмалку 16 луѓе на пазар

Русите бомбардираа пазар во Костијантивка во Украина, каде загинаа најмалку 16 луѓе. 

Цел на нападот биле пазар, продавници и аптека. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот загинале невини луѓе. Вели дека бројот на жртви може да расте. 

„Меѓу загинатите има и едно дете, а околу 20 лица се повредени“, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал. 

На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера, која ја објави и Зеленски, а на која наводно се гледа моментот на нападот.

Градот Костјанџинивка се наоѓа на истокот на Украина во регионот Доњецк, во близина на линијата на фронтот. Цивили постојано гинат во Украина. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 


Слично

Поврзани вести