Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ПАРИЗ: Две лица загинаа во терористички напад

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ПАРИЗ: Две лица загинаа во терористички напад

Организацијата „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот со нож во предградие на Париз, каде маж уби две лица, а едно е сериозно повредено.

Иако беше објавено дека едно лице е убиено, а двајца се ранети, потоа француски официјален претставник изјави дека две лица загинале и дека третото е потешко рането.

Двајцата загинати во нападот се мајката и сестрата на напаѓачот, информира полициски претставник во изјава за локални медиуми.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачот викал „Алах акбар“ и ги нападнал минувачите. Човекот потоа се затворил во куќа, по што полицијата го убила.

Во соопштение објавено од новинската агенција на терористичката група, Амак, е наведено дека напаѓачот е „борец на ИД”.

Напаѓачот од претходно им е познат на безбедносните служби и е запишан на списокот со поединци што се закана за националната безбедност, познат како „Карта С“, за поттикнување тероризам, според локалните медиуми.

Нападот се случи во Трап, сиромашно предградие на Париз.


Слично

Поврзани вести