Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ПАКИСТАН: Има над 125 загинати во судир со сепаратистите

(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ПАКИСТАН: Има над 125 загинати во судир со сепаратистите

Пакистанската aрмија информира дека во серија координирани терористички напади во југозападната провинција Балочистан загинаа 33 луѓе, додека безбедносните сили во контраофанзива ликвидираа 92 напаѓачи. 

Бунтовниците во Балочистан насочија напади со бомбаши-самоубијци и огнено оружје кон цивили, затвор, полициски станици и паравоени инсталации. Според официјалните податоци на војската, во нападите загинаа 18 цивили и 15 припадници на безбедносните сили.

Властите велат дека во изминатите 48 часа на територијата на целата провинција се убиени вкупно 133 милитанти, од кои најголемиот дел во саботата при одговорот на државните сили. 

Забранетата Балочистанска ослободителна војска (БЛА) ја презеде одговорноста за нападите, при кои беа ограбени банки, а запалена е и една полициска станица и десетици возила. Групата објави видео снимки на кои се гледа учество на жени борци, што според познавачите е обид за пропагандно истакнување на нивната улога во рамките на милитантните структури.

Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Мохсин Накви, и военото раководство тврдат дека напаѓачите имале логистичка поддршка од Индија. Од Њу Делхи засега нема официјален одговор.

foto printsktin youtube


Слично

Поврзани вести