Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Крим пред одлука: Русија или Украина?

(ВИДЕО) Крим пред одлука: Русија или Украина?
В недела на Кримскиот Полуостров треба да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за отцепување од Украина и припојување кон Русија. Околу 1,8 милиони гласачи на Крим се очекува да излезат на гласачките места в недела и да се изјаснат, откако претходно кримскиот Парламент го усвои предлогот за отцепување. Во пресрет на референдумското изјаснување, расте напнатоста на Крим, но и во останатите делови на Украина. Рускиот голем десантен брод Јамал утрово истоварил војници, камиони и еден околопен транспортер во заливот на само 15 километри од Севастопол. Сепак, проруската власт на Крим тврди дека руски војници има само во воените бази на Русија на полуостровот, додека останатите вооружени лица ги претставува како „самоорганизирани вооружени сили на Крим“. Ситуацијата дополнително ја влошија и протестите во украинскиот град Доњецк, каде вчера во судири меѓу проруски и прозападни демонстранти, најмалку едно лице го загуби животот, а 15 се повредени. Според првичните информации, загинало 22-годишно момче кое било избодено со нож. Демонстрантите се судриле директно откако на плоштадот Ленин во Доњецк во исто време биле закажани демонстрации и на двата табора. http://www.youtube.com/watch?v=komSkAbV4GY За официјална Москва, настаните во Доњецк се потврда дека украинските власти не ја контролираат ситуацијата не само на Крим, туку и во другите делови од земјата. Русија ја сфаќа одговорноста за животот на своите сонародници и сограѓани во Украина и го задржува правото да ги заштитува, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. „Повеќе пати изјавувавме дека дојденците на власт во Киев треба да ги разоружаат вооружените борци, да ја гарантираат безбедноста на населението и законското право на луѓето на митинзи. За жал, како што покажуваат настаните во Украина, тоа не се случува, бидејќи киевските власти не ја контролираат ситуацијата во земјата“, oценува руското Министерство. Последна надеж за смирување на ситуацијата се гледа во денешната средба меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров во Лондон. На средбата се очекува Кери да побара од Русија да дејствува со убедување да не се одржи референдумот на Крим за да дојде до намалување на насилствата и тензиите во Украина.
Слично

Поврзани вести