Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРЕМЉ МОЛЧИ: Уапсени се неколку лица по погребот на Навални

(ВИДЕО) КРЕМЉ МОЛЧИ: Уапсени се неколку лица по погребот на Навални

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска е погребан во Москва, а полицијата уапси неколку луѓе. 

Најмалку две лица – меѓу кои и еден опозициски политичар – се приведени за време и по погребот на Навални во Москва, пренесе Би-би-си.

Полицајците приведоа маж што поминувал преку мостот Братеевски на пат кон гробиштата каде што се одржуваше погребната церемонија за Навални.

Медиумите велат дека неколку лица се приведени и во градовите Екатеринбург и Новосибирск во централна Русија.

Руските власти не ја коментираа  веста. Toj почина пред десетина дена под сомнителни околности. Русите власти негираат дека го убиле. Мајката на Навални, Људмила тврдеше дека ја уценуваат каде и како да го погреба. 

foto EPA


Слично

Поврзани вести