Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРАТЕР ОД 124 МЕТРИ: Во Бејрут има десетици исчезнати

(ВИДЕО) КРАТЕР ОД 124 МЕТРИ: Во Бејрут има десетици исчезнати

По експлозијата во либанскиот град Бејрут има 145 жртви, 5.000 повредени, и десетици исчезнати. Сцените се апокалиптични. 

Тридневна жалост е прогласена во земјата. 

Четвртина милион луѓе останаа без нивните домови, затоа што експлозијата ги урна фасадите на зградите и ги однесе дури неколку километри подалеку. 

Луѓето се бесни затоа што властите дозволиле голема количина експлозивен материјал со години да стои во небезбедни услови во магацинот на пристаништето.

Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри.

Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки.

Авион со 20 тони медицинска помош на ООН пристигна во Бејрут. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека медицинската нега ќе биде дистрибуирана и во други болници во Либан. 


Слично

Поврзани вести