(ВИДЕО) КРАЈ НА ДРАМАТА ВО БРИСЕЛ: Уапсен пијаница со експлозив пред Европскиот парламент!
Три згради на Европскиот парламент се евакуирани во Брисел после предупредувањето за експлозивна направа.
Полицијата го претресе сомнителниот автомобил паркиран во една улица и пронашла оружје и експлозив, а едно лице е приведено, објавено е на сајтот на бриселскиот дневник “L’soar”.
Белгиската полиција наредила евакуација од зградата, која е дел од Европскиот парламент, поради паника за бомба.
Мреките на претпазливост биле предизвикани од сомнителен автомобил кој бил паркиран во Монтејер улицата во Брисел.
Телевизијата РТЛ пренесува дека човек во видно алкохолна состојба го паркирал автомобилот со оружје на забрането место, после што е уапсен, а возилото го прегледале полициски единици за деминирање со помош на робот на далечинско управување.
