(ВИДЕО) Крах на примирјето: 5 загинати, гаѓан аеродромот во Доњецк, борби околу Дебаљцево
Примирјето на истокот од Украина се крши, а украинските и проруските сили едни со други се обвинуваат за кршење на договорот кој на 15 февруари стапи на сила.
Потпаролот на украинската војска Антолиј Стелмак соопштил дека проруските сили продолжиле со нападите на стратешките места кај железничкиот сообракај во Дебаљцево, а ројтерс јавува дека се слушаат тешки гранатирања во тоа подрачје.
Најмалку пет украински војници се загинати, а 22 се повредени во нападите на проруските сили на местото Широкино, изјавил еден од потпаролите на украинската војска Дмитро Чали.
Потпаролот на министерството за одбрана во Самопрогласената Народна Република Доњцек, Едвард Басурин изјавил денеска на прес конференција за новинарите дека владините сили ноќеска започнале со гранатирање на Горловка. Исто така било соопштено дека украинските сили повторно почнале да го гранатираат аеродромот во Доњецк.
Од ДНР изјавиле дека украинска страна денеска 17 пати го прекршила договорот и дека поради тоа неможе да го повлече своето тешко вооружување од границата, јавуваат Итар-Тасс.
Што се однесува на Дебаљцево, силите во самоодбрана на ДНР изјавуваат дека се спремни да го отворат коридорот низ кој украинските војници, кои се веќе со денови обиколени, излезат и се вратат кај своите. ДНР соопштува дека Дебаљцево е на нивна територија и затоа не се опфатени со мировниот договор од Минск.
Покрај тоа, ДНР и ЛНР власти објавија дека ќе ја прекинат соработката со Киев ако Украина влезе во НАТО, пренесуваат Итар-Тасс.
„Секој чекор на Киев спрема НАТО или било кој договор против антирускиот воен сојуз е за нас неприфатливо. Во секој случај, ведаш ќе ја прекинеме соработката со Киев и ќе се смета за безвреден мискиот договор“, соопштиле претседателите на тие две народни републики Денис Пушилин и Владислав Деинего.


