Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРАДЕЦ ХЕРОЈ: Полицаец уапсил малолетен разбојник кој подоцна му го спасил животот

(ВИДЕО) КРАДЕЦ ХЕРОЈ: Полицаец уапсил малолетен разбојник кој подоцна му го спасил животот
Во септември минатата година на полицаецот Френклајн Фолкс му се слошило додека ги потполнувал формуларите за кривична пријава против 17 годишниот Џемал Ратлиџа кој со него се наоѓал во иста просторија. Џемал, кој бил обвинет за разбојништво, со лисици на рацете успеал да повика други полициски службеници на помош. Според полициската станица од Форт Лаудердал малолетниот Џемал Ратлиџ бил приведен поради неколку кривични пријави меѓу кои и разбојништво. Додека пополнувал формулари полицаецот Фолкс изненадно паднал на подот. Неподвижен и во бесознание останал на милоста на малолетниот разбојник. policaec2 Свесен за сериозноста на ситуацијата овај хуман затвореник со лисици на рацете повикал други полициски службеници на помош. Медицинската служба стигнала веднаш, а полицаецот Фолкс за својот живот може да му се заблагодари само на малолетниот крадец со „добро срце“. Со одлука на полициската станица од Форт Лаудердела тинејџерот ќе биде одликуван поради спасувањето на животот на полицаецот кој го уапсил. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=cNLVO0QSbn8[/embed]
Слично

Поврзани вести