Видео: Космонаутите на Сојуз безбедно слетаа во Казакстан
Тројца членови на екипажот на вселенското летало Сојуз безбедно слетаа во Казакстан откако поминаа 145 дена во мисија на Меѓународната вселенска станица. Од рускиот тим се вратија космонаутот Анатолиј Иваншин од Роскосмос, јапонскиот астронаут Такуја Ониши и американската астронаутка Кејт Рубинс од НАСА.
Со нивното враќање заврши 49-тата експедиција и наскоро ќе бидат испратени нови астронаути од вселенските агенции за јубилејната 50-та експедиција. Командирот Иваншин раководењето на МВС му го предаде на астронаутот Шејн Кимбро од НАСА кој ќе служи заедно со Андреј Борисенко и Сергеј Рижников од Роскосмос.
Слично
