ВИДЕО-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕУ: Ќе се затвори ли и Шенген зоната?
Земјите членки на
ЕУ денеска на видео-конференција ќе одлучат за затворање на Шенген зоната. Претседателката
на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека очекува предлогот да
биде прифатен од сите земји на Унијаташто ќе значи привремена забрана за влез
во Европската Унија за сите они кои немаат важна причина за патување.
– Рестрикцијата првично ќе трае 30 дена, а по потреба може да биде продлжена – истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Од ограничувањата ќе бида исклучени државјаните на Велика Британија, сите кои имаат постојан престој во ЕУ, членови на семејствата на државјани на ЕУ, дипломати, медицински персонал, како и тие што превезуваат стока и работат во пограничните подрачја.
Слично
