(ВИДЕО) Конечно добри вести – коалицијата ја потиснува Исламската држава!
Ирачките безбедносни сили, помогнати со воздушните напади од меѓународната коалиција, го постигнаа најголемиот напредок против Исламската држава во последните неколку месеци, заземајќи го во целост градот Џурф ал-Сахара, во близина на Багдад. Во исто време, курдските сили повторно го вратиле северноирачкиот град Зумар и неколку села во близина.
Курдските борци наишле на силен отпор, но успеале да победат, а властите објавија дека Зумар веќе е во курдски раце. Зумар беше првиот курдски град што во август го зазедоа припадниците на Исламската држава.
Заземањето на Џурф ал-Сахара, пак, е најголем напредок за ирачките безбедносни сили во последните неколку месеци жестоки борби за ова подрачје, особено затоа што градот се наоѓа во непосредна близина на Багдад и е стратешки важна локација. Целосна контрола врз овој град им овозможува на ирачките власти да го задржат пробивот на џихадистите кон главниот град на Ирак, но им ја прекинува и врската со западната покраина Анбар.
„Денеска успеавме терористите од Исламската држава да ги протераме од Џурф ал-Сахара и да истакнеме ирачко знаме на владината зграда“, рекол покраинскиот гувернер Садик Мадлул.
САД и сојузниците вчера извеле 22 воздушни напади врз силите на Исламската држава во Ирак, а ги уништија и топовските сили на џихадистите кај Кобане во Сирија. Како изгледаат тие операции, погледнете на следниот ЛИНК.
Слично
