Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Колумбиска судијка се појави во непристојно издание на судско рочиште на Зум

(ВИДЕО) Колумбиска судијка се појави во непристојно издание на судско рочиште на Зум

Колумбиска судијка се појави полугола на судско рочиште на Зум пушејќи цигара в кревет.

Вивијан Полањи, позната по споделувањето непристојни фотографии на својот профил на Инстаграм е суспендирана на три месеци откако се појавила на виртуелен состанок на платформата Зум додека полугола пушела цигара в кревет. На 34-годишната судијка во еден момент од состанокот обвинителот ѝ кажува дека камерата ѝ е вклучена и таа веднаш ја исклучува. Како што објавија шпанските медиуми „Паис“ и „Фокс њуз“, Полањи за локална радиостаница изјавила дека лежела в кревет за време на сослушувањето бидејќи страдала од напад на анксиозност. Судското рочиште на Зум беше за дебатата дали на обвинетиот за експлозијата на автомобил-бомба во 2021 година треба да му се одобри кауција. Суспензијата ќе важи до февруари 2023 година, објави весникот „Инфобае“.


Слично

Поврзани вести