(ВИДЕО) КОЛОРАДО: УАПСЕН напаѓачот кој убил полицаец и два цивила!
Во амеиканската држава Колорадо уапсен е напаѓачот кој синоќа убил три луѓе, откако почнал да пука во еден центар за планирање на семејството во Колорадо Спрингс, пренесуваат денеска агенциите.
Убиени се два цивила и еден полицаец, а уште девет луѓе се повредени.
Уапсен е Роберт Луис Дир од Северна Каролина.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tD0209Svfxg[/embed]Убиениот полицаец е 44 годишниот Грет Свези.
„За сега немаме никакви информации за менталното здравје, или идеологијата на напаѓачот“ изјавила преставничката на полицијата Кетрин Бакли.
Во центарот за планирање на семејството во САД се работат абортуси, и затоа таквите организации често добиваат заканувачки пораки.
Слично
