Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Koлку пиво се испи на Октоберфест?

(ВИДЕО) Koлку пиво се испи на Октоберфест?

Заврши германскиот Октоберфест, најголемиот фестивал на пивото, кој го посетија 6.3 милони луѓе, а се испија 7,5 милиони литри пиво.

Ова е на исто ниво како лани, со тоа што годинава се испиени за десет проценти повеќе безалкохолни пијалоци.

„Убавото време беше причина да има 100 000 посетители повеќе од лани“- соопштија денеска организаторите. 

На настанот имало луѓе од речиси цел свет, при што најбројни биле од САД, Британија, Австрија, Франција, Швајцарија. Најмногу кригли за сувенири купувале луѓе од Австралија, Азија и САД.

Годинава е регистриран пораст и на продажбата на храна.

Меѓу посетителите на фестивалот годинава биле и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и сопругата Хилари Клинтон. Брачниот пар пристигнал со голема полициска придружба во популарниот шатор Кефер каде што нарачале пиво.

Но, овој фестивал е засенет од фактот дека еден посетител загинал во тепачка. Жртва е 58-годишен Германец од градот Минхен кој починал заради крвавење на мозокот после тепачка. Полицијата издала налог за апсење на 42-годишен маж, кој се појавил во придружба на својот адвокат.


Слично

Поврзани вести