(ВИДЕО) Колку луѓе загинаа поради огнената стихија во Шпанија?
Три лица загинаа во пожарите во Шпанија.
Бројот на жртви во шумските пожари во Шпанија се искачи на тројца откако почина доброволец кој доби тешки изгореници помагајќи во гаснењето на пожар во провинцијата Замора, потврди претседателот на регионот Кастиља и Леон, Алфонсо Фернандез Мануеко. Ова е втора жртва во овој регион и трета во земјата од почетокот на последниот бран пожари.
Најкритична е ситуацијата во Екстремадура, каде пожарот во општината Хариља три дена се шири неконтролирано, зафаќајќи околу 4.600 хектари. Евакуирани се повеќе населби, вклучувајќи ги Хариља, Кабезабелоса и Вилар де Пласенсија, додека Олива де Пласенсија беше целосно блокирана во текот на ноќта. Две куќи изгореа, а Цивилната гарда спроведе присилни евакуации за да ги заштити жителите од непосредна опасност. Поради силните ветрови и сувите бури, дел од автопатот А-66 е затворен, што дополнително ја отежна евакуацијата.
Вкупно 321 пожарникар и 12 авиони, вклучувајќи единици од Андалузија, Кастиља-Ла Манча и Мадрид, се ангажирани во обид да се стави под контрола пожарот, кој се протега на 48 километри. Во регионот Оренсе, пожарите предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и Галиција.
Во Терези де Кофрентес во Валенсија, пожар предизвикан од удар на гром доведе до евакуација на делови од градот и областа Ајора.Вкупно 14 патишта се затворени во регионите Касерес, Замора, Леон, Паленсија и Уелва. Од Брисел е најавена помош со два авиони-танкера на ЕУ, потврди шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
Пожари има во Црна Гора, Албанија, Грција.