(ВИДЕО) Колкаво богатство поседува сопругата на Пригожин?
Љубов Пригожина, вдовицата на Евгениј Пригожин, водачот на групата Вагнер дипломирала за фармацевт, а сопственичка е на велнес центар во регионот Ленинград, на бутик хотел наречен Кристал Спа & Ресиденс, сопственичка е на подржница на фирмата консултантската фирма Конкорд ЛЛЦ и последно, на уште една компанија од групацијата Конкорд. Таа има 53 години.
Синџирот бутици Музеј на чоколада во Санкт Петербург е нејзиниот заштитен знак. Има богатство од околу 5 милиони долари, за разлика од сопругот чие вкупно богатство се проценува на милијарда евра. Нејзината етничка припадност е мешана, но се идентификува како Русинка.
И покрај санкциите за Пригожин кои беа воведени откако почна војната во Украина, Љубов продолжи да го поддржува. Таа зазема централна позиција во управувањето со операциите на Вагнер Груп.
Пронајден е вториот дел од авионот „Ембраер“ во кој завчера вечер Пригожин. Локацијата на која е пронајден вториот дел од авионот може да биде многу важна за истрагата за причината за авионската несреќа.
фото: твитер/принтскрин
