Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Колапс на последниот бастион на „ИД“ во Латакија! 

(ВИДЕО) Колапс на последниот бастион на „ИД“ во Латакија! 

Армијата на Башар Асад и сириската армија преминаа во офанзива кон последниот утврден реон на терористите од „Исламска држава“ во провинцијата Латакија. Во моментов се водат жестоки борби во предградието на градот Салма, пренесе ТВ каналот „Ѕвезда“.

Исламистите ги губат своите позиции, а сириските борци, поддржани од руската борбена авијација успеале да заземат стратешки важна височина. Успехот на операцијата беше предодреден и од точните погоди на руските воено-вселенски сили во магацините на терористите со оружје и муниција.

Ако пред почетокот на масовниот напад во оваа месност имаше над 10 000 радикални исламисти, но сега според последните податоци останале неколку стотици.

Бегајќи од бомбардирањето, џихадистите се повлекуваат кон Турција, до границата која е само на десет километри.

На армијата на Башар Асад и останува да преземе уште три височини во регионот. Така ќе успее да ги затвори во обрач терористите, блокирани во Салма.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jJpgdDWyuLc[/embed]
Слично

Поврзани вести